Ивица Коневски му ја честиташе победата на Златко Марин

Досегашниот градоначалник на општина Аеродром и кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Ивица Коневски, на својот ФБ профил му ја честиташе победата на Златко Марин од СДСМ, кој победи во првиот круг од локалните избори.

Тој напиша:

,,Почитувани граѓани,

дозволете ми на крајот од овие локални избори јавно да му ја честитам победата на мојот противкандидат Златко Марин и да му посакам успешна градоначалничка кариера.
Исто така, им се заблагодарувам на сите граѓани кои осум години нѐ подржуваа, како и голема благодарност до сите мои соработници кои и во најтешките моменти останаа со мене.
Функциите се минливи, но нашите дела остануваат бесмртни, а нашите поддржувачи можат да бидат горди на тоа што го направивме изминатите два мандата.
Заминуваме со крената глава, затоа што создадовме многу за нашиот Аеродром.

Со почит,
Ивица Коневски“