Со објава на неговиот ФБ профил Владо Георгиев Черноземски, уапсениот Игор Југ кој се наоѓа во притвор, директно му се закани на Никола Груевски.

…напиша тој на ФБ. Но, профилот на Игор Југ сега е недостапен.

Vlado Georgiev Cernozemski
 Kumanovo
Игор Југ пред три дена беше уапсен во неговиот стан во Куманово. Тој учествуваше во немилите настани на 27 април во Собрание, а српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ го посочи како можен атентатор на Зоран Заев.
Обвинителство соопшти дека му е определен осумдневен притвор:
 „Времетраењето на притворот од 8 дена е бидејќи во моментот на поднесување на предлогот лицето се гонеше за кривично дело кое налага скратена постапка. Во моментов за осомничено лице, надлежното Основно јавно обвинителство Скопје води истрага за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од  Кривичниот законик“, соопшти Јавно Обвинителсво на РМ.