Изгласан Законот за употреба на јазици без присуство на опозициската ВМРО ДПМНЕ

Со 69 гласа „за“, пратениците од мнозинската коалција СДСМ-ДУИ, го изгласаа Законот за употреба на јазици, но без присуство на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Законот беше едногласно донесен од присутните пратеници,воздржани и против немаше.

Сепак, при второто гласање, на кое се произнесуваа пратениците од помалите етнички заедници, имаше еден глас воздржан. Како што појасни претседателот на парламентот, Талат Џафери, овој закон се носи со мнозинство пратеници од помалите етнички заедници. Од овие пратениците гласаа вкупно 28, од кои 27 „за“ и еден воздржан. На гласањето не присуствуваше лидерот на ДПА, Мендух Тачи.