Издадена наредба да се закачат слики на Вучиќ во сите државни институции во Србија

Одредени министри во Владата на Србија веќе издале интерни наредби во ресорите со кои раководат, да се постават слики со ликот на актуелниот претседател Александар Вучиќ, како и симболите на Српска напредна странка.

Прв меѓу министрите кој тргна во величење на ликот на Александар  Вучиќ е министерот за одбрана Александар Вулин, кој всушност и не доаѓа од партијата на српскиот претседател.

Вулин потврдил дека издал наредба во сите институции на Министерство за одбрана и во Војската на Србија да се постави сликата на српскиот претседател.

Тој на прашања на новинари, одговорил дека ова не е јакнење на култ на една личност,туку на култ на државата, изедначувајќи го Вучиќ со државата. Нему не му пречи што на овој начин воведува славење на една политичка партија во Војската на Србија, иако тоа е строго забрането со српскиот Устав. Имено, Вучиќ и покрај тоа што е претседател, тој е се уште лидер на СНС.

Оваа инцијатива не и пречи ниту на премиерката Ана Брнабиќ, иако веќе се спроведува интерна наредба  Александра Вучиќ да виси и во сите образовни институции. Ова дури е нормално и за српскиот министер за образование Младен Шарчевиќ, кој го спореди ова со времето на Тито.

Тоа е нормално, рекол Шарчевиќ. И јас кога служев војска фотографиите на Јосип Броз Тито беа насекаде во државните институции, изјавил српскиот министер за образование.

Izvor: N1