Изетбеговиќ: Додик ќе заврши како Милошевиќ и Гадафи

Бакир Изетбеговиќ кој претседава со Претседателството на Б и Х, предвидува дека Милорад Додик Претседател на Република Српска ќе ја доживее судбината на Садам Хусеин, Моамер Гадафи и Слободан Милошевиќ.

Во изјава за регионалната  N1 телевизија Изетбеговиќ изјавил дека очекува соодветна реакција на меѓународната заедница по организирањето референдум за изгласување национален ден , иста како онаа во случаите со Хусеин,Гадафи и Милошевиќ. Тој смета дека ова што се случуваше денеска на гласачите места во РС е демонстарција на инает кој ги преминал сите граници.

Уставниот суд на федерацијата Б и Х го забрани одржувањето на референдумот , но тој сепак се спроведе.

Избирачките места се затворени, а наскоро се очекуваат и првите прелиминарни резултати.