Во името на иницијативата за воведување на PayPal за продажни места во Македонија, Венко Глигоров испрати писмо и список на иницијаторите до министерот за финансии, Д-р Драган Тевдовски.

Пријавување за поддршка на иницијативата се правеше на веб страницата https://goo.gl/9G8qJa во периодот од 21.06.2017 до 28.06.2017. Ја поддржаа повеќе од 1100 правни и физички лица. 

 Резултати од иницијативата

„Недостатокот на PayPal за продажни места во Македонија претставува пречка за развојот на претприемаштвото, не овозможува услови за поголем извоз на македонски производи и услуги во странство и се јавува непријатно чувство кај македонските стопанственици дека Македонија речиси секогаш назадува со современите текови во светот.“ се вели во писмото упатено до Министерот. 

„Се надеваме дека ќе успееме бидејќи потребата е голема, а има придобивки за сите“, изјави Венко Глигоров, еден од главните иницијатори за воведување на PayPal за продажни места во Македонија. „Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница-рече тој.“