Инцидент на тенискиот натпревар Ѓоковиќ-Нишикори(видео)

 

Во текот на полуфиналниот натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори се случи инцидент кога еден гледач од публиката се обиде да влезе на теренот. Играта накратко беше прекината на сервис на Нишикори, но обезбедувањето реагираше молскавично, па натрапникот беше веднаш совладан и изнесен надвор.

 

 

Организаторите на завршниот куп на 8 најдобри тенисери во светот и режисерот на преносот, решија да не му посветат големо внимание на овој инцидент, па натпреварот само по неколку секунди веднаш продолжи.

Ѓоковиќ триумфираше со 2:0 и се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Енди Мари.