Ирма Гогова – победник на првото издание на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR

Охрид, 1о. април 2017  – Ирма Гогова, 17. годишна девојка ,ученичка во трета година во Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, е прогласена, од страна на жири комисијата, за најдобра изведувачка на првото издание на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.
Ирма ја доби главната награда од 2.000 евра, како и право на учество на фестивалот „Езерски бисери“, како и на меѓународниот фестивал „Славјански базар“.
Гогова, претходно учествувала на хуманитарни настапи, патронати, има неколку настапи на телевизија, оди и на хор во Гимназијата веќе 3. години и има настапувано во Белгија, Хрватска, Србија и други земји.
Таа претходно ја помина првата основна и елиминационата аудиција, кои беа организирани во текот на изминатиот период. Заедно со Ирма во финалето се натпреваруваа и Емилија Петровска, Андреа Јованоска, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, танцовата група „The Passengers“ и Светлана Вељаноска.
Втората награда, која ја додели публиката, стигна во рацете на танцовата група „The Passengers“, на кои им следи голем настап во Барселона.
Третата награда, односно старт на радио проект на Супер радио замина во рацете на Стент Ап комичарот Илија Богданоски, а наградата за Тв проект на Регионалната О2 телевизија ја доби Ангела Маркоска.
Носители на проектот се Супер радио, една од првите комерцијални и водечката локална радио станица во земјата, која слави 25 години постоење и охридските „Тамаро“ маркети.
– Оставаме зад нас повеќе од два месеци во кои се потрудивме да избегаме од стандардите кои се поставени од сличните Талент шоу програми. Самиот факт што се работи за локално шоу од релативно мали градови како Охрид и Струга си има свои специфики, но сепак останавме доследни и не допуштивме квалитетот да биде доведен во прашање во ниту еден момент – нагласија организаторите.