По земјотресот во Охрид и околината , Институтот за земјотресно инженерство испрати три екипи на терен за да направат увид во состојбата и штетите предизвикани од него. Mоже да се очекуваат оштетувања на над  200 постари објекти, но, според проценките на институтот,  тие ќе бидат незначителни.

Досега, граѓаните  пријавиле одредени пукнатини на ѕидови од куќи, ронење на малтер, урнати оџаци, но штетите допрва ќе се утврдуваат.

Може да се очекуваат проблеми кај доградбите на старите куќи.

Вечерва, три силни земјотреси се случија во Охрид , со епицентар во охридското подрачје.

Првиот е регистриран во 20.03 часот со јачина од 4 степени.

Вториот е во 20.28 часот со јачина од 3.5 степени. Третиот е само неколку минути подоцна, односно во 20.30 часот со јачина од 4 степени.

Попладнето се случи најсилниот земјотрес откако почна да се тресе тлото, со јачина од 5.0 степени според Рихтер.

Foto:OhridNews