Истанбул е домаќин на Фајнaл-фор во 2017-та

Истанбул после пола деценија повторно ќе биде домаќин на четирите најдобри европски екипи. Како што соопшти првиот човек на Евролигата, Џорди Бертомеј, единствениот град на два континенти ќе ги пречека учесниците на Фајнал-фор 2017 година.

„Истанбул е град од светска класа. Градот сега ќе има прилика повторно да биде организатор. Завршниот турнир ќе се одржи од 19 до 21 мај и сигурно ќе биде возбудлив крајот на новата сезона – стои во соопштението на Евролигата.

Завршниот турнир ќе се игра во салата „Синан Ердем“ во која Јоргос Принтезис со кош во последните стотинки од натпреварот, со самиот звук на сирената, во 2012 година му го донесе на Олимпијакос највредниот континентален трофеј во клупската кошарка. Истанбул е единствениот град кој има повеќе од еден претставник во сменетиот формат на Евролигата, поточно дури четири.

„Кошарката вонредно напредуваше и порасна во Турција во последните години, додека Истанбул има историја на организирање на завршни турнири со која никој не може да се споредува. Возбудени сме што новиот шампион на Евролигата ќе биде крунисан токму таму – рече Бертомеј.
На почетокот на октомври Евролигата ќе ги соопшти домаќините на Фајнал-фор во 2018 и 2019 година, а уште минатата недела се појави неофицијална информација дека главни кандидати се Белград и Москва.

Ѓорѓевиќ, Принтезис …

trojka-aleksandra-dordevica

Историјата на завршните турнири во Истанбул ветува дека и следната година ќе биде исклучително интересно. Во сеќавање се финалето во 1992 година кога Александар Ѓорѓевиќ со тројка во последните секунди му ја донесе на Партизан и на српската клупска кошарка единствената европска круна.

printezis

Ништо помалку интересно не беше ни во 2012 година кога Олимпијакос успеа да го стигне минусот од 19 поени против ЦСКА и со поените на Принтезис да го освои пехарот.