Италијански мафијаш уапсен по 23 години бегство

Еден од најбараните италијански мафијаши  Роко Морабито е уапсен во Уругвај по 23 години бегство, соопшти денеска италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити.  Тој е уапсен во летувалиштето Пунта дел Есте во Уругвај откако во заедничка акција на италијанската и уругвајската полиција бил откриен неговиот лажен идентитет.  Во текот на апсењето кај него и сопругата, полицајците заплениле пиштол, ладно оружје 13 мобилни телефони, 12 банкарски картички, два автомобила, португалски пасоши, накит и чековна книшка.

Морабито, инаку член на Ндрангета, калабрешка мафија, Италија го бара од 1995 година, а Интерпол за него издаде црвена потерница. Тој  покрај другите кривични дела, обезбедувал допрема на дрога во Италија, нејзина продажба во Милан, а во 1992 година од Бразил се обидел да увезе 592 клограми кокаин и 630 кг во 1993 година.