И Бугарија поставува ограда против мигранти

Бугарија ќе постави жичена ограда долга 100 километри долж границата со Грција и со Турција, распоредувајќи илјада граничари да го спречат приливот на мигранти, јавуваат грчките медиуми.

Заедно со постојната структура, вкупната должина на оградата ќе надмине 200 километри.

Во бугарските погранични патроли учествуваат припадници на бугарската војска и на Фронтекс.

Бугарија ги зајакна пограничните патроли, а на некои точки ги спроведува заедно со грчките граничари.

</p