Заради реметење на работата на другите пратеници, собраниското обезбедување по налог на потпретседателот Жељко Рајнер, ги исфрли двајцата пратеници на Жив  ѕид Иван Пернар и Иван Синчиќ.

Веќе видени слики кај нас, на сличен начин со влечење и носење под мишките ги отстранија од пленарната сала.

До ова дојде заради одбивањето на Пернар да не ги прекинува дискутантите во своите излагања.

За време на говорот на неговиот партиски колега, Пернар со јадење јаболко, гласно довикување и друго ја прекинуваше работата на парламентарната седница.
Потоа, по налог на потпретседателот и двајцата беа исфрлени заради намерно провоцирање.
Избацивање Ивана Синчића

Ова е фашизам викаше -Пернар додека го исфрлаа од салата, а целиот инцидент го пренесуваше на својот ФБ профил.
Иван Пернар многу често се однесува екстремно, а минатата година беше истепан од една корисничка на народните кујни која не сакаше да биде сликана, иако тој инсистираше да прикаже како се хранат луѓето за време на владеење на ХДЗ.