И Миле Јанакиески не е виновен

,,Комисијата за продажба на градежно неизградено земјиште при Министерството за транспорт и врски по отстранување на забелешките од страна на претходната комисија кои се од технички карактер и по целосно комплетирање на документацијата од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, на ден 4 април 2007 година има објавено Јавна објава за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија во општина Сопиште, согласно одредбите од Законот за градежното земјиште и Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, а не согласно Законот за јавните набавки, како што беше изнесено на денешната прес конференција на СЈО.

Спротивно на наводите изнесени на денешната прес конференција на СЈО, за наводно постапување спротивно на членот 3 од Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 79, од 3.10.2001 година, објавата за отуѓување на градежното земјиште ги содржи сите задолжителни податоци кои се предвидени во споменатата уредба и тоа: податоци за градежното земјиште кое е предмет на отуѓување, почетната цена по м2 за земјиштето, рок за поднесување и начин на поднесување на пријавите за учество, депозит за учество на јавното наддавање, начин на спроведување на наддавањето и место и време на одржување на јавното наддавање, што може да се констатира од самата објава за отуѓување на предметното земјиште, објавена во печатените медиуми.

– Целокупната постапка е спроведена согласно законските и подзаконските прописи кои го уредуваат отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, што може да се констатира и од позитивното мислење на државниот правобранител, како надлежен орган за произнесување во постапките за отуѓување на недвижен имот во сопственост на Република Македонија”-се вели во реакцијата на поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.