Охрид е потонат во море од облаци. Кога се гледа од околните брда и планини, не може да се видат ниту градот, ниту езерото. Охриѓани велат дека секоја година е се полошо, а главниот виновник , според голем дел од нив , е градежната експанзија и градежната мафија,  која со неконтролираното градење, ги затвори сите природни протоци на воздух и ветер кон езерото. Градежната мафија, велат наши соговорници, почна да ги зафаќа и околните планини, па дополнително се нарушува природниот еко-систем. Резултатот е ваков:

Image may contain: cloud, sky, ocean, outdoor and nature