И оваа Влада ќе ги носи бесплатно на бања пензионерите

По бесплатните годишни одмори за работници со ниски примања, Владата на Заев најави уште една популистичка мерка-продолжување на бесплатниот бањски туризам за пензионерите.

– Возрасните луѓе и пензионерите ја носат мудроста во себе. Ние од вас учиме. Како Влада ќе го почитуваме сето она што е поставено како барање од вас пензионерската организација. Ќе настојуваме како Влада и Министерство да го унапредиме квалитетот на пензионерското живеење во повеќе сегменти од живеењето. Ќе продолжиме со мерката бањско-климатско лекување до крајот на оваа, а планираме да ја реализираме и во наредната 2018 година. Ќе ги покачиме пензиите со усогласување на трошоците на живеење двапати во годината и на крајот на годината – истакна Царовска вчера пред пензионери во Кочани.