,,Како си?“, ја праша Ердоган на српски жената во димии и ја бакна раката и продолжи низ Нови Пазар(видео)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган , при посетата на Србија, во чии рамки престојуваше во Нови Пазар, Санџак, направи гест што ги воодушеви граѓаните кои излегоа да го пречекаат.

Имено, тој му нареди на својот возач да застане, по што излезе од автомобилот за да поздрави една возрасна жена облечена во традиционална муслиманска облека од овие краишта. Ја праша на турски, па на српски-Како си? -и и ја бакна раката по што ја погали по главата: