,,Џони, ајде дојди да те запознам со еден човек, има неверојатна приказна, но му треба твоја помош“- пишува српскиот новинар Никола Ѓукиќ за Б92, откривајќи како струмичанецот Дарко Грнчаров, измислил приказна со која преку социјалните мрежи успеал да го измами тенискиот свет дека е дете-чудо, невиден талент од Македонија, кој од својата петта година игра тенис, но неговата светска кариера е прекината по мозочниот удар кога имал само 17 години.

Во една од помалите прес сали на Австралија опен, Ѓукиќ се запознал со необичниот Ben Rotenberg, новинар на ,,Њујорк Тајмс“, човек посветен на тенисот, посебно женскиот и Tumani Karajol, симпатичен Англичанец, кој е фриленсер, а порано работел за Евроспорт.

,,Многу е бизарно, мислам дека овој македонски ,,херој“, чудо од дете во тенисот, воопшто не постои, а целата негова приказна е лажна“, му рекол Ротенберг на Ѓукиќ и му покажал дека на ниту една од фотографиите кои ги поставил на Твитер, не се гледа неговото лице.

Дарко Грнчаров својата неверојатана тениска приказна почнал да ја плете и на локалните медиуми , па за локаллна струмичка телевизија дал и интервју:


 

Но, кај искусниот Ротенберг, сомнеж побудиле неговите приказни дека лесно игра и со лева и со десна рака, и дека победил на турнир во Холандија во 2014, но кога проверил такви податоци не нашол никаде, на ниту еден официјален сајт за тениски турнири.

Понатаму, тој ја истражувал и приказната на Грнчаров дека наводно пред турнир во Турција, во 2017 година, добил мозочен удар, по што на социјалните мрежи раскажал приказна дека е прекината неговата брилијантна тениска кариера, по што почнал да добива поддршка, дури и од познати светски имиња.

И, ,,тениската ѕвезда од Македонија“, поентирала со објава дека со силна волја и напор, успеал да се врати на терените и дека ќе ја продолжи својата кариера….и тука се открило се.

Оваа неверојатна и скандалозна приказна прочитајте ја цела на порталот на

Б92

АКО.мк