Кампот во Кале како мигрантска енклава

Францускиот претседател Франсоа Оланд, повторно се закани дека во наредните неколку недели ќе го затвори бегалскиот камп во пристанишниот град Кале и порача дека Франција нема да биде земја на диви кампови. Тој рече дека над 9000 илјади мигранти престојуваат во нехигиенски услови, а бегалците кои нема да побараат азил или кои не ги исполнуваат условите ќе бидат депортирани. Кампот познат како ,,Џунгла” е симбол на неуспехот на француската влада, бидејќи со години не може да го расчисти и затвори.

%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%bf-%d1%9f%d1%83%d0%bd%d0%b3%d0%bb%d0%b0

Обид за затворање на кампот имаше пред неколку месеци, но секогаш никнува одново. Скоро една деценија Франција се бори неуспешно со илегалната миграција и населувањето во овој камп, кој е еден од неколкуте илјади низ целата земја. Мигрантите најчесто го избираат како своја цел, бидејќи се наоѓа во близина на каналот Ла Манш(La Manche), од каде се надеваат дека полесно ќе стасаат во Велика Британија. Токму заради ваквиот наплив бегалци, Франција почна со изградба на бетонски ѕид, со кој сакаат да ја спречат илегалната миграција кон Англија.

kamp-kale-rusenje-francija-01

Франсоа Оланд најави дека во понеделник ќе го посети градот Кале и тоа во напната атмосфера и тензии, заради подигнувањето на ѕидот, но и заради одбивањето на мигрантите да ја напуштат ,,Џунгла”.
Инаку, денеска во Виена се одржува Самит за мигрантската криза на кој учествуваат премиерите од 10 земји од така наречената Балканска рута. За изнаоѓање на решенија за бегалската криза која се уште трае иако пред 6 месеци беше затворена оваа рута на движење, разговараат премиерите на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина , Словенија, Грција, Албанија, Бугарија, Романија и Словенија , а присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.

angela-merkel

Самитот во Виена се одржува под значителни мерки на обезбедување. Сите приоди кон седиштето на австриската влада се затворени, а хеликоптери го надлетуваат овој дел од градот.

Извор:RTS