Канадскиот премиер Џастин Трудо, имаше емотивен настап со едно семејство бегалци од Сирија, на кое тој пред една година им посака добредојде во Канада, пречекувајќи ги на аеродром и поздравувајќи ги со ,,Добредојдовте дома“..

Раскажувајќи како живеат откако се дојдени во ветената земја, Сириецот кој беше пречекан лично од Трудо, рече дека сега е горд Канаѓанец.

Неговата приказна го трогна премиерот, кој цело време плачеше и ги бришеше солзите:

Меѓутоа, коментарите под видеото објавено на The Indipendent, не се целосно наклонети кон младиот и харизматичен канадски премиер. Голем дел од тие што коментираат велат дека сепак, во иднина би сакале да гледаат помалку солзи, а повеќе цврста лидерска рака.

,,На нашата земја и треба повеќе од бебе што плаче“, коментира Џоел.

Joelle Bg Canadians dislike him so much that we want Harper Back and we are considering Donald Trump… he is anything but a good prime minister… crying all the time to look « good and relatable » but our country need more than a crying baby… our country is a beautiful place that have been built by very strong and resilient man and woman… Our country shouldn’t and doesn’t deserve to have a silver spoon crying baby to manage our taxes and take décision regarding our economy, etc

Ова не е првпат Џастин Трудо да ги покажува јавно своите емоции, често преточени во солзи.

Сепак, ова видео на The Independent, само за 6 часа го виделе речиси 18 милиони луѓе.