Фотографии од работни простории во Фабриката за опрема и делови (ФОД),која е дел од државната ЕЛЕМ, а се наоѓа во кругот на комбинатот РЕК-Битола, се преплавени со   симболи на поранешната владејачка партија ,ВМРО ДПМНЕ, -пишува порталот Апла.мк.

Фотографии од канцелариите во кои доминираат налепници и икони со лавови и партискиот грб на оваа партија,  беа испратени до редакцијата на Апла.мк. Испраќачите посочуваат  дека симболите се изложени во вид на амблеми, постери и резбарии во работилницата кај шефовите. Реагираат дека ова е фабрика, а не  партиски штаб и дека на ова место влегуваат и вработени со друга политичка припадност или неопределени и бараат да се отстранат од таму.

 

fod1

Директорот на ФОД, Александар Пановски, во телефонски разговор за Апла.мк вели дека досега  не слушнал, ниту забележал дека некој изложил партиски симболи во фабриката.

-Ако има такво нешто јас веднаш ќе го санкционирам. Во Управната зграда нема, јас контролирам. Но, мора да се има  предвид дека имаме голем комплекс , хали на оддалеченост од еден километар, па друга во Термото и некој може во секој момент нешто да стави. Воедно ние немаме имот, тој е на РЕК, а и канцелариите не ни се физички одвоени, до мојата има канцеларија на директор од РЕК, една до друга се канцеларии на службеници. Се вршат контроли, но доколку некој направил такво нешто ќе биде санкциониран- изјавил директорот.

 

Апла.мк