Каракачанов: Исправена историска неправда кон Бугарите во Албанија кои припаѓаа на т.н. македонска заедница

Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов на скандалозен начин ја слави дипломатската победа на Бугарија-признавањето на бугарско малцинство во Албанија. Тој на бугарската јавност и се обрати преку отворено писмо во кое отворено негира дека во Албанија постоело некогаш македонско малцинство, коментирајќи дека т. н. макеедонска заедница, како што пишува, е дело на пројугословенските коминтеровски структури на Балканот.

Еве го писмото на Красимир Каракачанов објавено во бугарските медиуми:

,,По историскиот напредок во односите со Македонија вчера, Бугарија направи уште еден успех во својата политика на Балканот!

Им честитам на сите патриоти кои ја сфаќаат важноста на ова дело!

Eдна од каузите на  ВМРО, која во својата 124-годишна историја секогаш се бореше за правата на Бугарите на Балканот, беше успешно завршена за целиот бугарски народ. Уште во далечната 2008 година, јас се обидував да ја убедам Владата на Тројната коалиција, да не ја пропушта историскиот шанса,и  да го искористи аплицирањето на Албанија во НАТО, за да го реши прашањето за бугарското малцинство во Албанија. Тоа не се случи. Девет години подоцна, благодарение на Обединетите патриоти во владата и на национално одговорната политика на сегашниот Кабинет, успеавме.

По неколку децении на битки, замена на историјата и субверзија од страна на пројугословенски коминтерновски следбеници, по тешки дебати и уште потешки дипломатски преговори, албанскиот Парламент го призна постоењето на бугарското малцинство во земјата. Досега нашите сограѓани припаѓале на т.н. Македонска заедница.

Со 102 гласови за, 10 против и 1 воздржан, беше вратена историска правда. Ова стави крај на обидите бугарското население во Албанија да се асимилира и да птипаѓа на  странска, измислена национална свест.

Тоа е круната на заедничките напори на политичари, општественици и борци за зачувување на бугарштината, кои се обединија, независно од политичките убедувања, во името на правата на бугарските заедници во светот. Овој чин покажа дека кога Бугарија има јасна цел и целосно ги користи своите надворешно-политички ресурси, секоја задача е изводлива.

Во последниве години, оваа борба се водеше заедно во Албанија, како и во бугарското национално собрание и Советот на министри. Тоа се случи благодарение на работата на пратениците – патриоти во НС, јасната визија на премиерот Борисов за улогата на Бугарија како фактор на балканскиот регион и посебно нагласувам – напорите и енергична активност на министерот за надворешни работи Екатерина Захариева. Да не заборавиме на работата на европската политичка сцена преку нашите пратеници во Европскиот парламент, во лицето на Ангел Џамбазски од ВМРО и Андреј Ковачев од ГЕРБ. И успеавме затоа што не се одвоивме, туку работевме заедно заради национален интерес.

Ова го сметам за директно проширување на Договорот за соседство со Република Македонија. Она што се случи  овие денови со нашето малцинство во Албанија е токму во духот на пријателството.

Бугарите во македонските области и во земјите на Албанија може да се нарекуваат на различни начини, но тоа не го менува фактот дека тие се истите оние луѓе кои живеат и во Република Бугарија, и во Република Македонија. Ова се наши браќа и ние го почитуваме правото на секој од нив да утврди што е и да се определи што е според неговата совест.

Со историскиот успех во Албанија, ние повторно дадовме пример за моќта на мотото напишано на зградата на бугарското национално собрание, “Единство прави моќ”. По неколку децении на плашливо безлична и нихилистична надворешна политика, Бугарија го направи вториот голем чекор во надворешната политика, по Договорот за добрососедство со Македонија, со што го зазема своето место како фактор на стабилност на Балканот. Фактор кој се грижи за правата  на Бугарите на Балканот. Дури и денес, кога тоа е факт, ние сме должни да продолжиме да ги надминуваме сите разлики  и да ги застапуваме интересите на бугарските заедници во странство.

Ние ќе продолжиме да работиме за таква национално одговорна и пристојна надворешна политика.

Бугарија над сè!

Красимир Каракачанов“-пишува во отвореното писмо на министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.