Карлес Пуѓдемон ќе се брани од слобода

Белгискиот истражен судија го пушти на условна слобода поранешниот каталонски лидер Карлес Пуѓдемон, како и неговите четворица поранешни министри, со кои вчера и се предадоа на белгиската полиција врз основа на европската потерница за нивно апсење за побуна и наводна проневера на европски фондови.

Тие во наредните 15 дена ќе треба да се појават пред белгискиот суд да одговараат по обвиненијата против нив.

Пуѓдемон и министрите не смеат да ја напушта Белгија без судско одобрение.

Шпанија пред неколку денови објави европска потерница заради побуна и проневера на европски фондови.