Каталонскиот претседател се повлече од прогласување независност и предложи преговори со Мадрид

Во својот долгоочекуван говор во каталонскиот Парламент,каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон предложи понатамошен дијалог со Шпанија за да се стаса до независноста.

„Сакам да ја следам волјата на народот Каталонија да стане независна држава“, рече тој, по што доби бурен аплауз од парламентот.

„Предлагаме да го суспендираме ефектот на декларацијата за независност, за да работиме кон практикување на резултатите од референдумот. Денеска ние правиме гест на одговорност во корист на дијалогот“, рече во каталонскиот Парламент Пуџдемон.