Нашиот најголем зимски туристички центар, Попова Шапка, деновите на викенд, празник и зимски распуст, е максимално посетен. Вчерашниот неработен ден, (08.01.2018) , оваа дестинација беше избор за голем број посетители, па стотици автомобили беа паркирани на патот што води до Попова Шапка. Паркираните возила направија неколку километарска колона речиси до половина пат кон Тетово,а луѓето одеа пешки кон ски терените.

Сите празни места во викенд населбата и на паркинзите околу хотелите, беа преполни со паркирани автомобили. Илјадници луѓе слободното време го поминаа на терените и во угостителските објекти, а убавото време само придонесе уживањето да биде целосно. Сите сместувачки капацитети на Попова Шапка се исполнети.

АКО.мк