Клинтон жали што не победи

 

Се надевам дека Доналд Трамп ќе биде успешен претседател на Американците. Жалам што не победив со нашите вредности и визија за оваа земја, но горда сум на прекрасната кампања, рече прв пат обраќајќи се  по поразот на изборите за претседател на САД, кандидатката на демократите Хилари Клинтон, која излезе на говорницата со задоцнување од речиси еден час, откако беше најавеното нејзиното обраќање.

– Ова боли и долго време ќе боли. Но сакам да го запамтите ова. Нашата кампања никогаш не беше за една личност, таа беше за изградба на земјата што ја сакаме. Видовме дека нашата земја е подлабоко поделена отколку што мислевме. Мора да го прифатиме овој резултат. Доналд Трамп ќе биде нашиот претседател. Му должиме отворен ум и шанса да нè води – рече Клинтон.