Клинтон ја зголеми предноста пред Трамп

Според најновите анкети, Хилари Клинтон има поголема  доверба кај американците од  Доналд Трамп дури за 12 проценти. Но, сепак, во Изборниот штаб на Трамп се уште уверуваат дека има шанси нивниот кандидат да победи.

Изборниот штаб на Доналд Трамп признава дека кандидатот на републиканците заостанува зад демократскиот кандидат, но порачуваат дека немаат намера да се откажат.

Последњу дебату Американци пратили и у кафићима

,,Заостануваме, таа е во предност,но не се откажуваме ,знаеме дека ќе победиме”- изјавил за американските медиуми менаџерката на кампањата Келан Конвеј.

ББС во своите анализи потсетува дека и Трамп е свесен дека заостанува зад Клинтон и дека може ќе изгуби, заради што се обидуваше да прикаже дека знае дека изборите се наместени.

Од изборниот штаб на Хилари Клинтон велат дека ова ќе бидат најголемите избори во историјата на САД и дека ќе има најголема излезност.

Анкетите на ЕЈ-БИ-СИ њуз и на Вашингтон пост покажуваат дека Клинтон има поддршка од 50 насто од испитаниците , а Трамп од 38.

Трамп има поголема поддршка кај белците, а Клинтон кај останатиот дел од населението, но Хилари ја ужива поддршката кај 55 проценти од жените , а Трамп кај 35.

За првпат Клинтон има поголема поддршка кај машкото население, а дупло поголема кај факултетски образуваното население.

Изборите во САД ќе се одржат на 8-ми ноември.

AFP