Коалицискиот партнер на Груевски со некролог за Кастро

Коалицискиот партнер на ВМРО ДПМНЕ за овие парламентарни избори Слободан Угриновски, инаку претседател на партијата Титови леви сили, со некролог во дневните весници, изрази сочувство за смртта на командантот на кубанската револуција и долгогодишен лидер на оваа земја Фидел Кастро.

 

fidel

Оваа не е првпат тој на овој начин ад изразува сочувство во весниците или да се присетува за некои личности од времето на комунизмот и социјализмот. Тој редовно, секоја година издава некролог за смртта на Јосип Броз Тито.

Слободан Угриновски беше лустриран за соработка со тајните служби во времето на поранешна Југославија.

Сепак, ниту ова не и пречеше на ВМРО ДПМНЕ да склучат коалиција со него, иако токму тие се најжестоките поборници за забрана на политичко активирање на лустрирани лица.

Пред неколку дена локалната телевизија од Кавадарци го праша Угриновски зошто коалицирале со ВМРО ДПМНЕ, ако се знае колку се идеолошки различни.

Меѓу другото, Угриновски одговори дека кога ја прочитал програмата на оваа партија, тоа го вратило во младоста, како кога биле планирани петолетките во бивша Југославија.

Еве ја таа изјава:

ako.mk