Новиот американски амбасадор во Холандија, Питер Хекстра, се најде на мета на холандските новинари заради поранешна изјава дека политичарите и автомобилите ги спалуваат во оваа земја. Оваа неверојатна изјава тој мораше да ја повлече, а холандските новинари не му дозволија да ,,мрдне“, додека не го стори тоа:

(притиснете подолу и ќе ве однесе на сајтот на РТС и на видеото)

Хекстра е познат по анти-исламски изјави,а поткрепувајќи го своето тврдење за муслимански екстремизам  во Холандија,  тој изјавил дека во оваа земја ги спалуваат холандските политичари и автомобили и дека  заради муслиманскиот екстремизам овие земји  воопшто не се безбедни. Тој на 23 декември минатата година го вчудовидел новинарот, кога во емисија тврдел дека тоа е измислено и дека не дал таква изјава, по што му било пуштено видеото со неговата изјава.

Неговата прва прес конференција како нов американски амбасадор во Холандија, поминала неславно и недипломатски.

Питер Хекстра е по потекло токму од Холандија, а како дете емигрирал со своите родители во Америка.

РТС, Ако.мк