,,Кожуф” ски-центар што никогаш не заживеа

Падините на Кожуф се идеални за скијање и за ски-патеки. Сагата на сопствениците на ски-центарот трае 16 години, но сепак на крајот не успееа да го заживеат овпој потенцијален скијачки центар од повеќе причини. Пред се заради непристапноста, лошата инфраструктура до изградените терени и викенд населбата и низа други фактори и проблеми кои очигледно излегоа нерешливи.

Пред три дена во Основниот суд во Велес е отворена стечајна постапка за фирмата која го градеше потенцијално-најголемиот скијачки центар во Македонија, како што беше проектиран и најавуван. Стечајниот судија Валентина Ѓорѓиевска го прифати барањето на поранешни вработени во ски центарот за отворање на стечајна постапка. За стечаен управник е именуван Богољуб Макревски. Испитното рочиште и извештајното собрание се закажани за 11 јануари 2017 година. Сега ски-центарот е должник, а стечајниот управник до закажаното рочиште ќе направи попис и проценка на стечајната маса.

kozuf-mapa %d0%ba%d0%be%d0%b6%d1%83%d1%84

Ски центарот Кожуф почна да се гради во 2000 година и беше амбициозно најавуван од сопственикот Ангел Наков, како најмодерен и најголем не само во Македонија, туку и на Балканот, со оглед на снежните денови во текот на годината, можностите за изградба на ски патеки и секако местоположбата за привлекување туристи од Грција, Бугарија и од Албанија. Досега се инвестирани над 20 милиони евра, а изградени се неколку ски патеки со инфраструктура и викенд населба, како и придружни објекти ресторани и друго.

%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d0%b5%d0%bd%d0%b4-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%b5%d0%bb%d0%b1%d0%b0 %d0%ba%d0%be%d0%b6%d1%83%d1%84%d1%86

По седум години од најавата, значи 2007 се случи и првото скијање на терените.Но, паралелно со инвестирањето сопствениците постојано апелираа дека заради задоцнета изградба на патот кон ски центарот од гевгелиска страна, имаат проблеми со пристапност. Додека пак, изградбата на пат до ски центарот од страната на Кавадарци и Демир Капија никогаш не се случи.

Ова се само дел од проблемите што го следеа развојот на ски центарот Кожуф. Следуваа голем број прекини во работата на центарот поради проблемите со електричната енергија. Покрај тоа што во 2010 година интернационалната групација „МЏ“ стана доминантен сопственик на скијачкиот центар, тие не ги исполнија нивните најави за инвестиција од 200 милиони евра, за период од четири години. Требаше да се изградат апартмани, хотели, спортски терени, жичници, воден парк, спа центар и и да се отворат илјада работни места. Тие, кусо потоа си заминаа оттаму, а Ангел Наков остана сам да стопанисува со центарот.

Директорот на „Ски Кожуф“, Ангел Наков, секоја година највуваше започнување на сезоната, но постојано планот се менуваше , бидејќи коловозот или беше непрооден со неколку метри наноси снег или под мраз или прекриен со карпи и земја.

%d0%bf%d0%b0%d1%82 svleciste

Тој револтирано бараше решавање на проблемот.

„Наше барање е Агенцијата за патишта да распише тендер и да се избере компанија која ќе гарантира дека со механизација ќе работи на одржување на патот во текот на цела година. Друго решение нема. Во моментот половина од патот е расчистен, а другата половина е непроодна. Од пред Нова година, еве дури завчера дојдоа повторно од ’Македонијапат‘ да работат. Проблемите со патот се провлекуваат веќе трета година и тоа не’ попречува да работиме“, беше една од изјавите на Наков, што секоја година се повторуваше.

Покрај со проодноста на патот, скијачкиот центар се соочуваше и со други проблем. Имаше постојани прекини и на струјата поради дефект на трафостаницата која го напојува центарот со електрична енергија. Сите овие проблеми веќе најавуваат се’ поголема извесност дека „Ски Кожуф“ во својата историја ќе запише уште една пропадната скијачка сезона, беше прогнозата на локалните дописници и минатата година и сите претходни.

Кога во другите два скијачки центри во Македонија речиси цела сезона воопшто немаше снег, на Кожуф снежната покривка на скијачките патеки изнесуваше 120, а во населбата 80 сантиметри.

ako.mk