Кои се Каталонците?

Каталонците се народ кој живее во Каталонските земји, во чиј состав влегуваат Валенсија, Балеарските Острови, делови од шпанскиот регион Арагон, Русијон во југоисточниот дел на Франција и самата Каталонија.

Референдумот во неделата не ги опфати сите делови од т.н.  Каталонски земји. Тој беше  ограничен само на Каталонија, област во североисточна Шпанија, кадешто живеат 7,5 милиони луѓе. Оваа област учествува со 15 проценти од шпанската популација и 20 проценти од нејзината економија.

Каталонците имаат посебна историја, култура и јазик.

Салвадор Дали, Антони Гауди, Џоан Миро, Феран Адрија и Пеп Гвардиола се меѓу најпознатите шпански Каталонци.

Историја на Каталонија

Дефинираниот регион на Каталонија првпат беше споменат во 12-от век, стотици години пред обединувањето на Шпанија. По декретот на Нуева Планта од 1716 година, тој отишол под директното владеење на Мадрид.

Каталонската автономија е тема која често се повторува за време на историјата на земјата.

Во 1931 година, кога Шпанија стана република, Каталонија доби поголема политичка автономија во државната рамка.

Меѓутоа, во деценијата по Граѓанската војна во Шпанија, воената влада на Франсис Франко ја укина автономијата на регионот.

Во текот на владеењето на Франко од 1939 до 1975 година, каталонската култура била строго потисната. Симболите на каталонскиот идентитет како “castellas” или кули на луѓе се забранети, а родителите беа принудени да им даваат шпански имиња на нивните деца.

Јазични ограничувања

Каталонскиот јазик (кој исто така се зборува во Валенсија и Балеарските Острови) е ограничен, и било забрането да се зборува во јавноста.

Како што демократијата се разви во Шпанија по Франко, каталонската автономија повторно се појави и еволуирала.

Во 1979 година беше објавен нов Статут за Каталонија, кој беше обновен од каталонскиот парламент. Изборите за тело од 135 члена беа одржани во март следната година.

Регионот, кој го сочинува една од 17-те шпански “автономни заедници”, има своја сопствена полиција и овластување за прашања како што се образованието, здравството и социјалната заштита.

Исто така, постојат одредби за заштита на каталонскиот идентитет, вклучувајќи статус  на заеднички јазик за каталонски и кастилски, а со законот се бара наставници, лекари и вработени во јавниот сектор да го користат каталонскиот јазик на работното место.

Напори за независност

Сепак, напорите за целосна независност добија интензитет во последниве години, пред сѐ по економската криза во Шпанија во 2008 година.

Застапниците на независноста тврдат дека Каталонија, еден од најбогатите шпански региони, дава повеќе финансиска поддршка за Шпанија, отколку што ја добива од централната влада во Мадрид.

Многумина сметаат дека силната економија на регионот покажува дека ќе биде одржлива како суверена држава.

Речиси 1,6 милиони луѓе живеат во Барселона, главниот град на Каталонија, главна туристичка дестинација.

Референдумот за независност во недела е вториот референдум за независност што се одржа во последните три години.

Ал Џезира