Поголема група деца ѝ пееја коледарски и црковни песни на градоначалничката на Битола , Наташа Петровска. Настанот се случи пред општинската зграда, а Петровска им посака многу здавје и безгрижно детство.

Дечињата носеа икона Спилион којашто ја симболизираше пештерата  каде е роден Исус во Витлеем, а Петровска им подели коледарски кеси, јавува порталот Апла.мк .