“Комитите” ќе го гледаат Вардар во Лига Европа само за 600 денари

 

Навивачката група на Вардар, „Комити“ престојните натпревари на својот миленик во Лига Европа ќе го гледа за само 600 денари.

Вардар го очекуваат три големи дуели оваа есен против Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг, па на фудбалерите ќе им треба поддршка од трибините. Блок билетите кои ќе бидат пуштени во продажба за сите три меча на домашен терен ќе можат да се набават за време на мечот против Силекс в сабота.

Со овој гест се надминаа проблемите и недоразбирања на релација фанови на Вардар против актуелното раководство на клубот.