Кој го плаши Александар Вучиќ

Неверојатни настани со пронаоѓање оружје на разни локации деновиве се случува во Србија. Денеска, ненадејно  Вучиќ ги откажал сите активности и не се појави на ниту еден настан , што е скоро неверојатно за хиперактивниот премиер.

Истовремено им забранил на сите безбедносни служби да изнесуваат детали околу истрагата за пронајденото оружје во близина на семејната куќа каде живее неговиот татко.

Во меѓувреме во Белград е пронајден автомобил полн со оружје, а утрината беше евакуирана зградата на Ер Србија заради , како што се утврди, лажно пријавување бомба. Оваа зграда се наоѓа во близина на станот каде живее Вучиќ.

Министерот Александар Вулин вчера во една емисија изјави дека сите овие диверзантски активности се случуваат откако американскиот амбасадор во Белград остварил средба со опозицијата , а некои нејзини службеници се однесуваат чудно.

Американскиот амбасадор во Србија одби да ги коментира овие наводи на Вулин.