Кој го следи лидерот на СДСМ Зоран Заев?

Порталот Курир близок до ВМРО ДПМНЕ и ударната песница на оваа партија преку кој се пласираат најголем број пропагандни текстови, а потоа ги преземаат и другите провладини или про-вмровски медиуми, објави непотпишан текст во кој се следи и опишува движењето на службеното возило на Заев. Според овој портал, кој објави и кусо видео, возилото Ауди со струмички регистарски таблички е забележано на ул. Алберт Ајнштајн во Скопје, каде наводно живее обвинителката Ленче Ристоска .Овој портал, во непотпишан текст, заклучува дека  Заев наводно бил кај обвинителката од 22 часот до 1 часот по полноќ, а нивната камера нешто по полноќ, како што пишуваат,  го забележала Заев како влегува во својот автомобил.

 

Зоран Заев веројатно на Ристоска ѝ дава инструкции за нови наредни монтирани случаи кои треба СЈО да ги објави во јавноста, а во кои јасна мета ќе биде ВМРО-ДПМНЕ-заклучува Курир.

Ова не е првпат Заев и физички да е следен и набљудуван, покрај тоа што со години беше прислушуван по наредба на Сашо Мијалков.

 

 

АКО.мк