Кој е Мајк Помпео-новиот шеф на CIA?

Мајк Помпео (Mike Pompeo) ќе биде новиот шеф на моќната разузнавачка американска служба ЦИА. Тој ја прифати понудата на идниот претседател Доналд Трамп, но веќе предизвикува лавина критики и загриженост и во јавноста и во политичките кругови.

Тој е конгресмен, еден од најгласните противници на нуклеарниот договор што Обама го потпиша со Иран, но и најгласен критичар на толеранцијата кон американските муслимани.

Помпео изјавуваше дека сите муслимански лидери се потенцијални учесници во терористички напади ако не се оградат јавно од насилставата што се вршат во име на исламот.

Помпео исто така ја даде и изјавата дека поранешниот припадник на ЦИА Едвард Сноуден , кој сега живее во Русија, треба да биде осуден на смртна казна.

Њу Јорк тајмс пишува дека идниот шеф на ЦИА е во тесна корелација со контроверзните браќа Кох кои ја финансирале кампањата на републиканците, но и неговата за конгресмен.

Во Конгресот е избран 2010 година во текот на зајакнување на ултраконзервативното движење ,,Чајанка”.

Помпео завршил воена академија на престиќниот американски колеџ Вест Поинт.