Кој е пратеникот на ДУИ Бранко Манојловски?

Бранко Манојловски е православен Албанец , а  од неодамна стана пратеник  во Собрание на РМ и ќе ја застапува политиката на ДУИ . Тој   зборува албански, но  ги владее и македонскиот и англискиот јазик. Роден е 1941 година, воопшто и не живее во Македонија , туку од 1968 година се иселил во Соединетите Американски Држави и со семјството живее и работи во Чикаго. Тој е близок роднина на Бранислав Синадиновски кој како деклариран православен Албанец од неодамна е советник на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во предизборниот период ДУИ го промовираше меѓу своето гласачко тело заедно со неговата книга ,,Горна Река и село Кичиница,, . Тоа е и неговото родно село, а во биографијата за него пишува дека основно и средно училиште учел во Македонија, студирал во Загреб каде дипломарл 1967 година и по служењето на воениот рок заминал за Америка . Во САД имал повеќе ресторани со кои менаџирал,  а сега како пензионер го управувал издавањето на повеќе згради, кои се веројатно во негова сопственост.

Книгата пак што ја напишал Манојловски е тријазична и тоа 48 страници се на македонски, 45 на албански и 43 страници на англиски јазик.

15800977_1750176675309618_1771487614_n15750048_1750176608642958_311871843_n

Името на Бранко Манојловски во македонските медиуми за првпат се спомнуваше пред две години кога на барање на православните Албанци во Македонија, Македонската православна црква – Охридска архиепископија  одобри во црковните храмови да можат да се одржуваат богослужби на албански јазик. Но, засега тоа се уште не направено.

Инаку, Синодот на МПЦ-ОА  донесе одлука со која се одобрува таква богослужба и назначи двајца свештеници кои го владеат албанскиот јазик и тоа- свештеникот Ристо Kумбуровски од Kичево, кој потекнува од Албанија  и еден претставник од Гостиварското архијерејско намесништво .

Со поддршка на  Бранислав Синадиновски, кој објавил повеќе трудови за православни Албанци, идејата за богослужба на албански јазик во православните храмови ја промовираше Бранко Манојловски, почесен претседател на друштвото „Јосиф Багери“, кое се залага за афирмација на припадниците на оваа заедница.

Според негова процена во Македонија има значителен број Албанци што се со православна вера.

– Голем број од нив се уште не се изјаснуваат како такви. Одржувањето на богослужбите на албански јазик ќе помогне за нивното сознавање. Досега направив контакти со братството од Бигорскиот манастир и оттаму ми рекоа дека се позитивно расположени за таа идеја, изјави пред две години Манојловски.

Бранко Манојловски сега е еден од десетте пратеници на ДУИ.

Тој е и највозрасен од сите пратеници и според деловникот треба да ја раководи првата конститутивна седница на новиот Парламентарен состав, но со тоа не се согласи ВМРО ДПМНЕ.

Емилија Лазаревска