Кој и што ги труе Лисиче и Аеродром, загаденоста повторно на опасно ниво од 444 мг ПМ честички

По неколку денови чист воздух, загадениот воздух повторно ги труе граѓаните на Скопје, но и на Кавадарци, Битола, Кичево, Куманово и на Тетово, каде пак во време на пишување на оваа информација е најзагаден град во Македонија  дури со 454 мг ПМ честички на метар кубен воздух.

Мерните станици покажуваат значително покачено ниво на ПМ честички на сите мерни станици. Надвор е замаглено, тешко се дише и мириса на изгорено дрво и на некаков вид киселина. Надлежните не можат да се справат со овој проблем и засега немаат решение.