Коњ искрши стакло на автомобил

На ФБ страницата Ѕид на сообраќајниот срам, е поставена фотографија за сообраќаен инцидент во кој учесници се еден коњ од запрежно возило управувано од Роми кои работат со секундарни суровини, а автомобил Фиат Пунто.

Како што може да се забележи искршено е задното стакло на автомобилот, а под постот, е напишан ироничен коментар со прашање сега кој ќе ја плати отштетата, дали тоа ќе се наплати од коњското осигурувањеа?!

Низ скопските улици запрежни коњски коли се секојдневие, а кутрите животни се доведуваат во секакви ситуации од страна на нивните соптвеници и многу често се малтретирани или жртви на негрижа.

Никој не презема ништо да се реши оваа опасна и пред се нехумана ситуација и однесување кон овие племенити животни-коњите, и покрај секојдневните апели на Анима Мунди и многубројни граѓани.