Крвта ја загреваат под мишките

Пациенти во клиничката болница во Битола приморани се сами да ја загреваат крвта што треба да ја примат. Ова за порталот Мактел го тврдат роднини на пациентите, кои испратија и слика. Велат дека не работи апаратот за загревање, па доаѓаат со своите најблиски, кои боледуваат од тешки болести да им помогнат. Понекогаш и цел час ги држат крвните плазми под своите мишки.