Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Крива Паланка и уште 5 лица

СВР Куманово, поради постоење основи за сторено кривично дело, до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против лицата А.А. (56), В.Ј. (50), М.Д. (37), Д.Ѓ. (30), Б.Т. (57) и М.М. (67) сите од Крива Паланка. Тие се сомничат дека ги сториле кривични дела: “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување или уништување деловни книги“.

Имено, А.А. во својство на градоначалник на Крива Паланка во период од мај 2014 до јуни 2015 година,  во четири наврати на барање за согласност за вработување на две лица-воспитувачи доставено од В.Ј- в.д директор во ОУД “Боро Менков“, дал четири согласности за нивно вработување на определено време, спротивно од Закон за ученички стандард. Воспитувачи и стручни соработници во ученички домови мораат да засноваат работен однос на определено време и без јавен оглас, но работниот однос да не трае повеќе од три месеци во текот на учебната година. Но и спротивно на Правилникот за мерилата и критериумите за финансирање на дејноста во јавни ученички домови, донесен од Министерството за Образование и наука каде што во членовите 4 и 5 е наведено дека како критериум за признавање на број на вработени е бројот на учениците во ученичкиот дом, односно до 150 ученици по 1 вработен воспитувач, со претходно добиена согласност од МОН.

Иако капацитетот на  бројот на леглата во ОУД “Боро Менков“ е 80 ученика, со што не биле исполнети условите за вработувања на уште двајца воспитувачи, истите биле вработени без добиена согласност од МОН, со што им било овозможено на М.Д и Д.Ѓ со нивно вработување да се стекнат со противправна имотна корист во висина на месечни примања на име личен доход со платени придонеси за период од 01.06.2014 до 31.05.2015 година а на штета на Буџетот на РМ.

Второпријавената, пак, во својство на в.д. диркетор на ОУД “Боро Менков“ во Крива Паланка, дополнително по објавен Конкурс за прием на ученици во Јавни ученички домови во РМ за учебната 2014/2015 година од 26.06 до 07.07.2014 година, без спроведена постапка (формирање на комисија за утврдување на исполнетост на условите за прием) не само што изготвила списоци за примени седум редовни ученици во предвидениот рок, туку и надвор од рамките на конкурсот, В.Ј. изготвила дополнителни списоци без спроведена постапка, за прием на дополнително 38 редовни ученици во во училишниот дом и овој дополнителен список со Барање од 12.09.2014 година го доставила до МОН. По ова донесено е Решение од 17.09.2014 година за давање согласност  за прием на  истите, иако знаела дека 27 ученици воопшто не ги исполнувале условите и критериумите за прием и престој во домот. Сепак врз основа на запишаните 27 ученици кои нередовно престојувале или воопшто не престојувале во домот, В.Ј. до МОН секој месец, доставувала Барање со список на 45 ученици сместени во домот, со прилог Барање за финансиски средства за 45 ученици по цена за сместување од 7.500 денари, прикажувајќи дека во домот постојано престојуваат 45 ученика, кои редовно посетуваат настава  во СОУ “Ѓорче Петров“ Крива Паланка, во период од септември 2014 година заклучно со месец март 2015 година. Со тоа дејствие за 27 ученици кои воопшто не престојувале во овој период го оштетила Министерството за образование и наука а со тоа и Буџетот на РМ во вкупен износ од 1.417.500 денари.
Исто така, поднесените Пријави на учениците, кандидати за престој во Ученичкиот дом за учебна 2014/2015 година воопшто не се заведени во деловодната книга иако на самите пријави се внесени деловодни броеви. На истиот начин продолжила со сторување на наведени инкриминирани дејанија и во учебната 2015/2016 година.

М.Д. , Д.Ѓ и Б.Т. вработени во ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка како воспитувачи со договор на определено време, во периодот од септември 2014 година до март 2015 година во континуитет ја злоупотребувале службената положба и овластување на начин што Д.Ѓ. како одговорен воспитувач на I воспитна група, М.Д. и Б.Т. како одговорни воспитувачи во II воспитна група, согласно Статутот на ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка имале должност да водат секојдневна педагошка евиденција и тоа Дневник за работа на домот и Дневник за воспитна група, при што истите во Дневникот за воспитна група внесувале невистинити податоци за присаство на часови-подготовка за настава за 27 ученици  додека втората деловна книга Дневник за работа на домот, ја воделе непрописно спротивно од одредбите од Статутот на Ученичкиот дом, односно во тетратка во кој е водена евиденција за присатност и престој во домот се внесувани податоци до октомври 2014 година а недостасуваат листови со податоци до крајот на 2014 година кои се уништени, а во тетратката за 2015 година се внесувани податоци за 2015 година со евидентирано присаство на многу мал број на ученици кои што вистински престојувале во домот.

М.М. во својство на директор во СОУ“ Ѓорче Петров“ Крива Паланка (разрешен со Решение од 12.05.2017 година) во период од септември до крајот на декември во учебната 2014/2015 година во континуитет ја злоупотребувал службената положба и овластување на начин што за 24 редовни ученици, без никаква документација, без согласност и изјава од родител старател ги внел во список на ученици кои користат организиран бесплатен превоз од место на живеење до училиштето и обратно за 2014/2015 година. За учениците од страна на МОН му биле редовно префрлувани парични средства во вкупен износ од 149.043 денари, утврдено според Договор за јавна набавка на услуги –превоз на ученици склучен помеѓу општина Крива Паланка, СОУ „Ѓорче Петров“ и АД „Пролетер“ од Конопница, Крива Паланка. Иако знаел дека од  СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за наведените 24 ученика биле издадени Потврди сите заведени под деловодни броеви на Барање на учениците заради сместување во дом не извршил корегирање на списоците на учениците кои користат превоз и ваквите списоци ги доставил до Секторот за образование во Општина Крива Паланка од каде, пак, тие се доставени до превозникот АД „Пролетер“ село Конопница, а истото правно лице  изготвувало фактури секој месец за извршен превоз.