Курирци ја цензурираа колумната на Стефан Влахов Мицов ,,Зошто се самоубива ВМРО ДПМНЕ?“

Медиумите блиски до ВМРО ДПМНЕ, Курир и Нетпрес, вчера објавија колумна на миленикот и штитеник на ВМРО ДПМНЕ, Стефан Влахов Мицов, насловена  ,,Зошто се самоубива ВМРО ДПМНЕ?“ , но рано утрината ја отстранија од своите сајтови.

 

Во колумната Влахов Мицов директно го критикуваше раководството на ВМРО ДПМНЕ дека со актуелната политика врши убиство од внатре, односно ја самоубива ВМРО ДПМНЕ.

,,Денешната состојба во ВМРО ДПМНЕ наликува на една бугарска анегдота од времето на социјализмот:била донесена одлука народот да биде обесен и луѓето имале само едно прашање-Дали сами да си купат јаже или ќе добијат како подарок? Во последниве денови состојбата во ВМРО ДПМНЕ наликува токму на ова…“-пишуваше во колумната Стефан Влахов Мицов.

Но, од утрината текстот исчезна од двата портала на кои беше објавена:

 

Влахов Мицов го критикуваше раководството на ВМРО ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, дека заради својата немоќ и криминалните опашки што ги влечат зад себе, ја туркаат партијата во изолација. Тие, пишуваше Мицов, се камен околу вратот на ВМРО ДПМНЕ и како секогаш низ историјата, заради лични каприци и суети, и овојпат, челниците вршат самоубиство на ВМРО, пишуваше авторот. Тој дури ја спореди ВМРО со Македонија, што не му е првпат, и поентираше, дека со тоа, раководството не извршува самоубиство само на ВМРО ДПМНЕ, туку и на Македонија.

Но, откако утрината, веројатно, некој од ВМРО ДПМНЕ ја прочитал колумната на нивниот штитеник Стефан Влахов Мицов, таа е отстранета од порталите Курир и Нетпрес, но останаа да сведочат само print screen-овите што успеавме да ги направиме.

Стефан Влахов Мицов е еден од ,,кучињата“ на ВМРО ДПМНЕ, којшто беше секогаш подготвен најпонизно да ги брани сите потези и ставови на партијата која го наградуваше богато.

Стефан Влахов Мицов  од ВМРО ДПМНЕ доби државен стан во скопската населба Мичуран и го вдомија во Инстутут за национална историја како редовно вработен. Влахов Мицов во Македонија пред десетина години го донесе сопственикот на А1 Велија Рамковски , преставувајќи го како бугарски дисидент во Македонија, наводно со етничко македонско потекло.

Стефан Влахов Мицов минатата година беше одликуван со државната награда 23 октомври со одлука на  Одборот за доделување државна награда  на чие чело е академик Вера Битракова- Грозданова.

Во најмала рака оваа награда беше изненадувачка, бидејќи Влахов Мицов неодамна доби негативна рецензија за научен труд доставен од него за предвремен избор во научно звање во Институт за национална историја.

 Проф.д-р Катерина Тодороска редовен професор и научен советник во Институт за национална историја при УКИМ, како една од трите членови во комисијата именувана од Совет на јавната установа ИНИ, даде негативна рецензија за научниот труд на Мицов, по што на жалба од авторот таа доби решение од Комисијата за заштита од дискриминација дека извршила тежок облик на дискриминација како член на рецензентска комисија за оцена на научни трудови подготвени за предвремен избор во научно звање.

Стефан Влахов Мицов, меѓутоа, во пошироката македонска јавност и особено кај научната јавност, важи за обичен шарлатан, кој глуми македонски патриот за привилегии што ги добиваше од државата и богати поединци.

АКО.мк