Актуелниот градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш, на 28 октомври, еден ден пред гласањето во вториот круг од локалните избори, извршил ,,операција“ на поставување сообраќаен знак на скопската обиколница. Целата акција е направена  во време на изборен молк и документирана со фотографии на неговиот ФБ профил.

 

ВМРО ДПМНЕ ова го смета за кривично дело и ќе поднесе кривична пријава за загрозување на безбедноста во сообраќајот:

,,Својата пирова победа, фалсификувана победа, Курто Дудуш ја прослави преку загрозување на личната и јавната безбедност кога неговите поддржувачи со стрелба од огнено оружје ја прославуваа лажната победа. За сето ова иако имаше непобидни факти, документи и сознанија, Спасовски не најде за потребно да ја ангажира полицијата и досега македонската јавност да знае кој тоа ја загрозуваше личната и јавната безбедност на граѓаните и по чија наредба. Како продолжеток на загрозувањето на безбедноста на граѓаните, Курто Дудуш, неовластено поставил сообраќаен знак на скопската обиколница, а го оштетил постојниот, со што предизвикал забуна кај учесниците во сообраќајот и ја загрозил безбедноста во сообраќајот на патиштата, и целото дејствие го фотографирал, како впрочем што се направија само документирање и на претходните кривични дела, а сликите ги објавил на неговиот фејсбук профил.

Имајќи ја  предвид тежината на кривичното дело и штетата која можела да се предизвика и е предизвикана во сообраќајот, како и манипулацијата извршена врз гласачите, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Курто Дудуш, за сторено кривично дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство според чл.298 сст.1 од КЗ на Република Македонија“- изјави вчера Оливер Андонов од ВМРО ДПМНЕ.