„Медо е наш суперхерој. Медo за градоначaлник!“, коментираат луѓето на социјалните мрежи, откако се појави видеото од Подгорица, на кое се гледа како бездомно куче спасува девојка од крадец.

Кучето кое живее на една улица во црногорскиот главен град, го нападна крадецот кој сакаше да и ја одземе кесата на девојката, по што тој со трчање избега.