Лага и дезинформација се вестите за наводен атентат врз обвинителката Фатиме Фетаи

 

Чиста дезинформација!-вака реагираат од МВР на објавата на некои портали на албански јазик дека пред два дена е спречен обид за атентат врз обвинителката Фатиме Фетаи.

Порталот Лајм, објави дека полицијата со брза интервенција спречила атентат врз Фетаи во Боговиње. Тие, своите претпоставки ги темелат на веста од билтенот на МВР, во која се информира за инцидент меѓу неколку сомнителни лица и полицијата:

 

,,На 07.02.2018 година околу 18,10 часот во с.Боговиње-тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Камењане дале знак за да застане патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици. Истото застанало и кога полицискиот службеник се доближил, возачот во возилото го стартувал истото и се обидел да го удри полицискиот службеник, а потоа удрил во полициското возило како и во други паркирани возила.

При обидот за бегство, едно од лицата кое било сопатник во возилото испукало два куршуми од пиштол во воздух. Поради предупредување, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух . Лицата се дале во бегство заедно со уште две возила – “Ауди“ со штипски регистерски таблици и “Шаран“ со непознати регистерски таблици напуштајќи го местото на настанот. Околу 20,50 часот на влез во Скопје, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено возило “БМВ“ управувано од 17 годишен малолетник од Куманово. Подоцна, во населбата Ѓорче Петров, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено и возилото “Ауди“ со штипски регистерски таблици управувано од И.С. (29) од Куманово. Лицата се приведени во ПС-Ѓорче Петров, а возилата се пренесени во кругот на полициската станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“-се вели во билтенот на МВР, што било доволно да се исплете приказна за наводен атентат врз Фетаи, која, како што е познато, од неодамна има стан и во Скопје, па не е исклучено таа воопшто веќе и да не живее во Боговиње.

АКО.мк

Фото:Фетаи во куќата во Боговиње во народна носија од документарецот ,,Трите“