Лидерот на ИД повикува за одбрана на Мосул

Абу Бакр ал Багдади, лидер на групацијата Исламска држава, ги повикува војниците да пружат отпор на офанзивата на ирачката армија во Мосул.

Тој изразува увереност дека неговите сили ќе постигнат победа во вториот по големина град во Ирак.

„Светата војна која ја водиме денес само го потврдува нашето уверување дека чекориме по патот на победата“, вели Багдади на аудиоснимка, објавена во Ал Фуркан, медиум близок на ИД.

„Да ги браните со чест позициите е илјада пати подобро од тоа да се повлечете покорно“, наведува на крајот Абу Бакр.

Последното обраќање на лидерот на ИД беше пред повеќе од една година.