Лилјана Поповска се откажа од пратеничкото место

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на прес-конференција соопшти дека се откажува од пратеничкото место на листата на СДСМ. Таа повика на единство:

– За да покажам што ми е приоритет, се откажувам од пратеничкото место, а за ова ќе го известиме и СДСМ. Ќе се борам со подеднаква страст од друга позиција која сега се смета за недобитна. Се имам откажано од повеќе функции досега. Никогаш не сум жалела за моите постапки, нема ни сега – рече Поповска.

Поповска беше поставена на четврта позиција во втората изборна единица пo што следуваше жесток притисок од јавноста која ја поддржува опозицијата на социјалните мрежи.

Поповска рече дека по состаноците на  централниот и извршниот одбор на партијата, ќе го известат коалицискиот партнер СДСМ кого ќе кандидираат  за таа позиција.

Видео:

a1on