Локалните избори ќе ги набљудуваат повеќе од 200 монитори од 31 земја

Меѓународните набљудувачи во понеделник во 15 часот ќе одржата прес конференција на која ќе ги изнесат своите првични заклучоци од својата набљудувачка мисија на локалните избори кои ќе се одрѓат утре, 15 октомври.

Меѓународната набљудувачка мисија е заеднички потфат на Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР) и Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.
Првичните наоди и заклучоци ќе ги соопштат Амбасадорката Одри Гловер, Шефица на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори и Карим Ван Овермајер, Шеф на делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.
Меѓународната мисија за набљудување на изборите опфаќа повеќе од 200 набљудувачи од 31 земја, вклучувајќи повеќе од 190 долгорочни и краткорочни набљудувачи и експерти распоредени од ОБСЕ/ОДИХР и 13 набљудувачи од делегацијата на Конгресот.

Конференцијатра за медиуми ќе се пренесува во живо на:
www.osce.org/odihr/elections/fyrom/339261