Луфтханза во штрајк!

По пропаднатите преговори меѓу управата на компанијата Луфтханза и синдикатот, започна штрајкот на врабоетните. Синдикатот бара зголемување на платите за 3,7 насто, а управата нуди 2,5 проценти. Откако не се договорија, 5700 пилоти стапија во дводневен штрајк, заради што се откажани 900 летови, а сто илјади патници останаа заглавени по аеродромите.

Ова е 14 штрајк на луфтханзините пилоти во последните 4 години.

Секогаш најмногу трпат патниците, кои се чини веќе не ги прифаќаат лесно извинувањата на синдикатот, кој сака да ги увери дека мора да се бори за своите членови и нивните права.

 

Од Луфтханза објаснуваат дека штрајкот не се однесува на летовите на другите компании во нејзина сопственост како Свис, Остриен и Браселс Ерлајнс.Исто така , најавија дека може да се очекува откажување и на други интерконтинентални летови.

Штрајкот ќе трае до четврток еден саат пред полноќ.