Магдалена Несторовска е нов Државен секретар во МВР

Владата на денешната седница ја именуваше Магдалена Несторовска за државен секретар во МВР.
Несторовска досега беше советник во општина Карпош од редовите на СДСМ.

Владата го именуваше министерот за финансии, Драган Тевдовски за гувернер за Македонија во ЕБОР, како и за гувернер во Групацијата Светска банка. За заменик гувернер за Македонија во ЕБОР, како и во Групацијата Светска банка е именуван вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

На денешната владина седница е констатиран прекин на мандат по сила на закон на градоначалникот на општина Боговиње, со што се создадени услови за именување в.д. градоначалник од редот на советниците во општината, до следните локални избори.

Исто така, на денешната владина седница е констатиран прекин на мандат по сила на закон на градоначалникот на општина Липково, со што се создадени услови за именување в.д. градоначалник од редот на советниците во општината, до следните локални избори.